Груевски не се предава: Непочитување на Уставот и законот е диктатура

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Во демократско општество владеењето на мнозинството доколку не се заснова врз начелото на владеење на правото, всушност претставува и се нарекува „Диктатура“.

Ниедна демократска влада во светот не смее да биде избрана со кршење на начелото на владеење на правото. Тоа во старт претставува диктатура, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на својот Фејсбук профил.

– Талат Џафери влезе во кабинетот на претседателот на Собранието со брутално кршење на Уставот, законот и Деловникот на Собранието. Се што во иднина би се донело со негово учевство, потпис или било каква активност, ќе биде плод на затруено дрво, ќе биде плод на диктаторски акт за назначување на Претседател на Собрание, вели Груевски.

Многу диктаторски влади, додава Груевски, биле признати од демократски системи, од една или друга причина.

– Тоа нема да ја смени сликата. Ниту, пак, дека имале мнозинство, за кое немаше ниту запис, броење, стенограм и слично, за противзаконскиот и противуставен акт, напиша Груевски на својот Фејсбук профил.