(ВИДЕО+ФОТО) Над 20 лица загинаа во експлозија во рудник за јаглен во Иран

од Vladimir Zorba
98 прегледи

За сега 21 лице загинаа во експлозија при колапс во рудник за јаглен во иранската провинција Голестан, која се наоѓа во североисточниот дел на земјата, пренесува Интерфакс.

“На површината се извадени телата на 21 загинат рудар”, истакнаа локалните власти, додавајќи дека уште 32 лица се блокирани во рудникот.

На местото на инцидентот работат спасувачки екипи. Во моментов причината за експлозијата не е позната. Во рудникот работеле над 500 лица.