Базенот се протега на повеќе од 80.000 квадратни метри
на стотина километри од главниот град на Чиле, поточно во Алфонсо де Мар, веднаш до брегот на Тихиот океан се наоѓа најскапиот базен на светот чија изградба чинела две милијарди долари
Само за најхрабрите:Базенот на 42 кат има стаклено дно, а малку кој е подготвен да плива 152 метри над земја!
Базенот се протега на повеќе од 80.000 квадратни метри, што е грубо пресметано скоро големинана 12 просечни фудбалски терени, а изграден е поради единствен проблем со кој се среќава Чиле.
Имено, иако Чиле се наоѓа до самиот брег на Тихиот океан, оваа земја има релативно малку погодни плажи за капење во текот на целата година поради Хумболдтовата струја која донесува студена океанска вода од Антарктикот и во поголемиот дел од годината таа вода е престудена за бањање.
Тука на сцената настапува Фишман и неговата компанија Кристал Лагунс која го доврши базенот во 2006 година, а како што зборуваат некои нови проценки, изградбата на базенот чинела нешто помалку од две милијарди долари.
Бидејќи е изграден непосредно до луксузното одморалиште Сан Алфонс де Мар, просечните Чилеанци тешко дека себеси можат да си дозволат посета на огромниот базен.
Секоја година се трошат околу четири милиони долари само на одржување на огромниот базен, кој на некои места е длабок и повеќе од 30 метри.
С.В.