Мјузикл инспириран од руската класика “Војна и мир” доби цели 12 номинации за престижните театарски награди “Тони”, кои ќе се одржат на 11 јуни.
Водителот на настанот ќе биде двократниот добитник на “Оскар” Кевин Спејси.
Веднаш по него со десет номинации е римејкот на класиката “Hello, Dolly!” Со Бет Мидлер која освои номинација и за најдобра главна женска улога. Претставата инспирирана од израелско-палестинскиот мировен процес, како и мјузикл за Канаѓани кои ги пречекуваат патниците откако воздушниот простор на САД е затворен поради нападите од 11 септември, се со по седум номинации.
Големиот фаворит – “Natasha, Pierre and the Great Comet of 1812”, кој е инспириран од книгата на Лав Толстој “Војна и мир”, засега е со најголеми шанси за успех. Мјузиклот ја раскажува приказната на Наташа, нејзиниот вереник Андреј, елегантниот, но и оженетиот Анатоли и осамен аутсајдер Пјер.
Минатата година фаворит беше мјузиклот “Хамилтон”, кој освои 11 награди од рекордни 16 номинации.