Денес во Куманово ќе продолжи судењето за смртта на четиригодишниот Алмир

од Vladimir Zorba
91 прегледи
Во Основнио суд во Куманво денеска треба да продолжи судскиот процес против обвинеиот за убиство на малиот Алмир, Бобан Илиќ.
До сега рочиштата беа одложувани два пати. На денешното закажано судење треба да биде сослушано уште едно вешто лице во врска со невропсихијатриското вештачење.
На последното одржано судење во судница беше презентирано мислењето на вешти лица од Клиниката за психијатрија во Скопје. Според вештиот наод, обвинетиот Бобан не го извршил делото со умисла.
 Илиќ кој е во притвор од 25 јуни минатата година по расправија за тоа кој има предност за влез во амбулантата го прегазил четиригодишниот Алмир во близина на Здравственот дом во Куманово.
Против таткото на Алмир и уште две лица за истиот настан поднесено е обвинение за насилсво.
За адвокатите на семејството Алиу вештачењето е неприфатливо. Според нив вештите лица не треба да анализираат дали имало умисла или не, туку дали обвинеиот бил пресметлив или не кога смртно го прегазил детето.