The Independnet: Ле Пен и Макрон разменија напади во двочасовната дебата

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Во средата за време на телевизиска дебата двајцата кандидати за претседател на Франција Марин Ле Пен и Емануел Макрон разменија обвинувања и напади во врска со иднината на земјата, еврото и начините за борба против тероризмот, пишува The Independent.

Додека Макрон тврдеше дека лидерот на десничарските е “недостоен” за шеф на државата, Ле Пен го обвини својот противник дека е “слуга” наголемите банки и Европската унија.
За Ле Пен дебатата, од два и пол часа, беше последната голема можност да ги убеди гласачите во својата програма. На крајот сепак 63% од гледачите изјавија дека во судирот на двајцата кандидати Макрон бил повеќе убедлив.

Меѓу главните дискутирани теми беа глобализацијата, економијата, безбедноста и Европската унија.

Обидувајќи се да го покажат своето познавање на голем број прашања поврзани со економијата и пазарот на трудот, Макрон ги посочи идеите на Ле Пен како “лаги” и ја обвини дека нема “сериозна програма”. Тој додаде дека таа “нуди излез од историјата”, додека тој ќе “создаде силно евро и силни европски политики, кои служат на интересите на Франција”.

Што се однесува до меѓународните односи Макрон истакна дека ќе продолжи да работи со САД и дека Франција има потреба од “силна соработка (со Вашингтон), за да се осигура безбедноста”.
Лидер на “Националниот фронт” истакна дека ќе сака да ги одржува контакти со Русија, САД и Велика Британија, додека Лондон се подготвува за заминувањето на блокот.
Макрон ја заврши дебатата, свртувајќи се кон Ле Пен со зборовите: “Франција заслужува повеќе од Вас”.