DW: Како во Берлин ја оценија средбата на Меркел и Путин

од Vladimir Zorba
114 прегледи

Властите во Берлин и германските аналитичари сметаат дека посетата на канцеларката Ангела Меркел во Сочи на прво место е фаза од подготовките на претстојната во јули средба на Г-20 во Хамбург, пренесува руската редакција на Deutsche Welle.

Експертите сепак не очекувале дека во Сочи ќе се дојде до приближување на позициите на канцеларот и рускиот претседател Владимир Путин по спорните прашања: Украина и Сирија. Токму затоа во Берлин резултатите од средбата од 2 мај не претставуваат разочарување.

Во средата, претставникот на канцеларот Штефан Зајберт на прашање какви се главните резултати од средбата од германска гледна точка, тој одговори: “Крајно интензивна средба”.

Зајберт не сакаше да оддели една или неколку важни теми поврзани со меѓународните проблеми или со билатералните односи. Потоа, тој коментира дека меѓу засегнатите прашања биле: граѓанската војна во Сирија, отсуството на државност во Либија и конфликтот во Украина.

“Дури при разминување на мислењата, важно е да се зборува, бидејќи во спротивно се стига до молчење, престанува да се разбираме од гледна точка на другиот”, истакна Зајберт.

“Единство имаше само воедно прашање: за тоа дека ставовите остануваат различни”, коментира претставникот на Германија за соработката со Русија Гернот Ерлер.

“Сите искази за посветеноста кон Минск договорите остануваат без последици, пукањето во источниот дел на Украина продолжува. Меѓусебните уверувања за тоа дека земјите се доживуваат како партнери, не можеа да го сокријат фактот дека преговорите се одржуваа во студена атмосфера “, истакна Ерлер.

Според него патот кон нормализирање на билатералните односи се уште е многу долг и поминува низ реализирањето на Минските договори.