Хакери го нападнаа Google, од компанијата предупредија за …

од Vladimir Zorba
66 прегледи

Американскиот гигант Google ги предупреди денеска корисниците на електронска пошта Gmail да не отвораат чудни писма испратени од името на облачната услуга Google Dox. Според нив многу е веројатно да станува збор за обид за phishing.

“Ние ги следиме фишинг пораките кои биле пратени од името на Google Dox и ве молиме да не одговарате на нив”, повикаа денеска од компанијата на официјалната страница.

“Фишинг” е форма на интернет измама, чија цел е да се добие пристап до доверливи податоци на корисникот. Би можело да станува збор за кражба на кориснички имиња за пристап, лозинки, банкарски сметки, адреси, телефони, електронски пошти итн.

Освен тоа преку него хакерите можат да испрати на e-mail контакти за лажно писмо наводно испратено во ваше име, кое ќе биде носител на вирусот или повторно да доведе до ограбување на податоци.