79
Новиот собраниски спикер Талат Џафери денеска ќе се сретне со високите дипломати од Европската унија. Џафери за дел од медиумите потврди дека е во Брисел.
Џафери треба да се сретне со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, со високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕК, Федерика Могерини и европратеничката тројка Иво Вајгл,Едвард Кукан и Кнут Фленкенштајн.
Ова е прва официјална посета на Џафери откако беше избран за Претседател на Собранието.
Тој вчера откако го превзема Кабинетот во Собранието,првото кафе го испи со евроамбасадорот Самуел Жбогар.