Хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, ги повика пратениците на разум и целосна одговорност во извршувањето на своите должности, а премиерот Андреј Пленковиќ што е можно поскоро да предложи за именување четворица нови министри со цел, како што рече, да ги отстрани сите сомнежи за постоењето на парламентарно мнозинство. Овие министри треба да ги заменат четворицата од партијата МОСТ кои си дадоа оставки.
Грабар Китаровиќ, по денешните две рунди разговори со шефовите на пратенички групи и независни пратеници, процени дека значително мнозинство на пратеници се изјаснуваат против нови предвремени парламентарни избори.
Во своето јавно обраќање, по разговорите со пратениците, таа рече дека нема впечаток дека постои уставно утврдениот број на членови потребни за да се изгласанедоверба на владата./мф