Од каква жена има тој потреба според зодијачкиот знак? (Прв дел)

од Vladimir Zorba
360 прегледи

Зарем не би било одлично ако знаевме која би била најсоодветната личност за нас? Некој кој би можел да ни фи процени недостатоците, да нè направи подобар човек и да донесе голема радост кон нашите животи?

Понекогаш родителите и пријателите мислат дека знаат подобро од самите нас. Тие дури и може да се обидат да нè запознаат со случајни луѓе на наша возраст.

И иако ние најдобро треба да знаеме што е најдобро за нас, понекогаш изборите кои ги правиме, се покажуваат погрешни. Астрологијата може да ни помогне да утврдиме каков човек најдобро би ни одговарал.

За каков тип жени се интересира тој, според зодијачкиот знак?

Овенот има потреба од амбициозна жена

На мажите од овој знак им треба жена која не само што може да се справи со нив, но и може да ги предизвика. Таа нема да се повлече или да ја подари победата. Жената која ја бара мажот Овен, си го зема она што го сака од животот, и никогаш не се плаши од предизвикот. За амбициозната жена нема пречки или проблеми, таа едноставно наоѓа начин да победи.

Мажот Бик има потреба од приземна жена

Бикот има потреба од жена која е чувствителна и се насладува на задоволствата со сите свои сетила. На неа не ѝ треба луксуз, а нејзиниот дом е пријатен и гостопримлив. Таа е мирна, цврсто чекори на земјата и многу мила.

На Близнаците им треба интелигентна жена

Претставниците на овој знак се интелигентни и прекрасни во комуникацијата и затоа имаат потреба од жена која може да ги заинтригира во разговорот – жена која ги збогатува на неверојатни и иновативни начини.

Таа мора да биде интелигентна, да има смисла за хумор и да се однесува добро со луѓето. Близнакот има потреба од половина, која го задржува неговиот интерес за целиот живот, а интелигентната жена е онаа која може да го стори тоа.

Ракот има потреба од жена со мајчин инстинкт

Овие мажи се исполнети со емоции и имаат потреба од грижливи и жени полни љубов. Тие имаат потреба од жена која ќе ги слуша, ќе им понуди конструктивен и љубезен совет и која секогаш ќе биде до нив, за да ги сака и да ги поддржува.

На Лавот му треба импресивна жена

Лавот е во центарот на вниманието, а жената за него е убава, паметна, забавна. Таа може да го остави мажот до себе да блеска, без да исчезнува во сенката на заден план. Таа дава поддршка, без да е послушна и смирена. Заедно се импресивен тим.

Мажот Девица има потреба од прецизна жена

Девиците се многу многу аналитички и исто така се луѓе на кои може да се потпирате. Тие имаат потреба од жена која може да ги исполни нивните барања.

Правилната жена за овие мажи е добро одржувана, независна и паметна. Таа не е преосетлива и има јасно чувство за сопствената вредност, дури и кога мажот е премногу критичен и суров.

Утре очекувајте го и вториот дел од материјалот.