Боите кои несвесно не привлекуваат откриваат многу за нашиот внатрешен свет и состојбата на свеста.
Талка виолетовата боја ја сакаат сонувачите, сината романтичарите, а портокаловата енергичните.
1.Виолетова 
Станува збор за сензитивни и емотивни луѓе. Тие се уметници, творци и сонувачи кои сакаат да бидат сами. Фантазијата е клучен дел од нивната реалност и често знаат да се задлабочат во сопствените мисли додека се со другите. Тоа не е затоа што не им е гајле или не се заинтересирани за разговор , туку едноставно затоа што мозокот непрекинато им работи 100 на час..Можат да ги слушаат пријателите со часови и секогаш со задоволство ќе им помогнат .
- Сината

Луѓето кои ги привлекува сината боја се вистински романтичари и нивните идеали е тешко да ги разнишате. Се плашат од состојбата во современиот свет, па личната верба и надеж им се неопходни за секојдневно функционирање. Овие луѓе се љубезни, искрени,симпатични и настојуваат да направат што подобри работи за својата околина. Иако се многу осетливи, не сакаат тоа да го покажуваат на луѓето околу себе. Длабоко се поврзани со природата , а особено ја сакаат водата.
- Зелената

Природата многу им значи. Разумно му пристапуваат на животот, но поседуваат и неисцрпна љубопитност која никогаш во потполност не можат да ја задоволат.Патувањата се битен дел од нивниот живот, како и потребата за истражување. Зелената боја обично ја сакаат интелектуалците кои уживаат во аналитични и поттикнувачки разговори. Луѓето кои го прифаќаат нивниот саркастичен хумор и апсолутната искреност ќе им станат пријатели за цел живот.
- Црвена

Овие луѓе се страстни ,доминантни и огнени во се што работат. Амбициозни се и многу самоуверени, што е идеален спој за било што што ќе одлучат да постигнат во животот. Без оглед што се постојано опкружени со луѓе , многу малку од нив ги сметаат за вистински пријатели, пишува Daily Vibes. Верноста им е исклучително важна и секогаш ќе стојат до оние кои им се важни во животот. Луѓето кои ги привлекува црвената боја се вистински борци, а пораз не прифаќаат.
- Портокалова

Ја сакаат разиграни, полни со енергија , а понекогаш и детинести луѓе. Енергичноста им овозможува да живеат активно, но во ситуациите во кои не можат да ја отпуштат својата енергија, можат да станат многу напорни за луѓето околу себе.Тие даваат природно и несебично, што значи дека се секогаш тука кога ви требаат. Не само да слушаат добро, туку се и исклучителни говорници кои уживаат во центарот навниманието.
- Жолта

Позитивни се и оптимистични во се , а во тоа не може да ги поколебаат ни полно негаттивни настани. На нив не им пречи бидејќи имаат свој сопствен начин на верување во себе, а и во другите. Сакаат да им помогнат на своите блиски на било кој начин, дури и ако се само охрабрувачки глас во заднината.