Жена во Колумбија морала на операција бидејќи изела илјадници долари за да ги сокрие од својот сопруг, јавуваат локалните медиуми.
Лекарите од стомакот на оваа 30-годишна жена извадиле 57 банкноти од 100 долари и одреден број банкноти кои биле смотани во цревата.
Медиумите пренесуваат дека биле вкупно 7.000 долари!
На ова лудило се одлучила после кавгата со сопругот, кој од неа барал пари, па таа во бес ги проголтала доларите.
„Изгледа дека ова бил очајнички чин кој дефинитивно ќе влијае на животот на пациентката“ вели хирургот кој ја оперирал.
С.В.