Франција ќе ги истражува сајбер нападите против Емануел Макрон

од desk3
132 прегледи
Извор запознаен со случајот соопшти дека париското обвинителство почна истрага во врска со сајбер нападите 
против кандидатот за претседател на Франција Емануел Макрон, кои доведоа до тоа илјадници документи од неговата кампања 
да бидат објавени, пренесе АФП, цитиран од Фокус. Изворот рече дека истрагата започнала во петокот - истиот ден, 
во кој документите беа објавени на интернет и два дена пред денешниот втор круг.