Во Германија е пуштен најголемиот пешачки мост во светот

од desk3
84 прегледи

Во северозападниот дел на Германија во регионот Харц, отворен е најголемиот висечки пешачки мост во светот. Долг е 483 метри. До сега, на прво место во оваа категоријата беше мостоt наречен  “Скај Парк” во рускиот град Сочи.

Мостот,  наречен “Титан рт” , се наоѓа во близина на градот Берхарз.Изграден е за потребите на планинарите.

Челичните кабли имаат затегнувачка сила од 947 тони. Мостот е “усидрен” во карпите од двете страни на долината.

Најхрабарите, доколку се обидат ќе имаат  можност да скокаат од  мостот со банџи џампинг.