(ВИДЕО) Воениот суд во Венецуела “приведе 50 демонстранти”

од Vladimir Zorba
74 прегледи

Воениот суд во Венецуела донесе одлука заа задржување на најмалку 50 граѓани кои учествувале во протестите против претседателот на земјата Николас Мадуро, јавува SBS. Ова го тврди невладина организација.

Според зборовите на адвокат Алфредо Ромеро, кој ги претставува приведените, пред воен суд се соочуваат 75 лица, од кои 50 од нив остануваат во притвор. Ромеро овој чин го опиша како “нелегален” предлог и случајот против цивили не треба да се гледа од воен суд.
До овој момент владата на Венецуела не ја потврдила информацијата.