По објавувањето на одлуката за избор на Талат Џафери, за претседател на Собранието која беше испечатена во денешното издание на Службениот весник, Џафери втор пат како претседател на Собранието го известил Иванов дека е формирано парламентарно мнозинство, објави АлсатМ.

Во емисијата 200 на Алсат, Џафери рече дека од денеска почнува десетдневниот рок кога Иванов треба да му го додели мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
„Писмото е заверено денеска во и е упатено до архивата на Собранието, за да може да се официјализира и од формален аспект, со цел потоа да биде пратено до Кабинетот на претседателот на државата. Уставните рокови за доделување на мандатот за поврзуваат со службеното писмо, преку кое, претседателот на Собранието го информира претседателот на државата за формирањето на ново парламентарно мнозинство во Собрание“ рекол Џафери,
Тој додава дека првата собраниска седница ќе биде свикана по истекот на рокот од 10 дена кога претседателот ќе го додели мандатот. Според ова, претседателот Иванов има рок до 19 мај да му го додели мандатот на Зоран Заев/Алсат М