Уставен денеска решава за локалните избори и мандатите на градоначалниците

од Vladimir Zorba
81 прегледи

 

Уставниот суд денеска ќе одржи седница по која ќе биде познато кога ќе се одржат локалните избори, и како со мандатите на локалците. До Судот е пристигната една  иницијатива, од Министерството за локална самоуправа .

Во неа се бара актуелните градоначалници да останат  со мандат до изборот на нови, поради пробивањето на роковите и нивноот одлагање поради политичката криза и блокираниот трансфер на власта од страна на владеачката ВМРО ДПМНЕ

Мандатот на актуелните им завршува на 15 мај, а што ќе се случува потоа никој не може да предвиди.Општините ќе бидат блокирани и нема да можат нормално да функционират.
Во иницијативата на Министерство за локална самоуправа се бара да се преиспита уставноста на спорните членови 35 и 49 од Законот за локална самоуправа, кои се однесуваат на мандатите на градоначалниците и на советите. Таму стои дека тие се со мандат од четири години, но не е прецизирано што би се случило доколку не бидат распишани нови избори, како што е случај сега.