Љубовта може да подигне планини, рекле луѓето, но еден пар од Калифорнија докажа дека може и да ги покори. Ешли Шмејдер и Џејмс Сајсон сметаат дека традиционалната свадбена церемонија не е за нив, затоа одлучуваат да се венчаат на највисоката точка на светот – Монт Еверест.
Како што веројатно може да се претпостави нивните свадбени слики се епски.
32-годишната Ешли и 35-годишниот Џејмс поминале цела година во планирање и обука за експедицијата и во почетокот на март пристигнуваат во Непал. Придружени се од нивниот фотограф Чарлтон Черчил, чие дело се и волшебните слики.
Потребни им биле 3 недели, за да стигнат до базниот камп “Еверест” со височина над 5000 метри, каде најпосле ги дале своите завети. Ова ги чинело длабок снег, температура на мрзнење и висинска болест. Сликите на Черчил од најблаго речено, нестандардната церемонија, прикажуваат спектакуларна комбинација од сино небо, свеж бел снег и планински венци.
Величествените фотографии од свадбата на Ешли и Џејмс може да ги разгледате во галеријата.