Кога би го живеел повторно својот живот, би направил повеќе грешки: Борхесовиот совет за среќа

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Покрај кратките раскази, по кои е и најпознат, Борхес исто така пишувал и поезија, есеи, неколку сценарија и многу книжевни критики.

Секое време има свои херои, луѓе кои зад себе оставиле неизбришлива трага, а еден од таквите е и аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.Човекот кој и денес живее благодарение на делата кои ги оставил, запаметен е и по тоа што рајот го замислувал како библиотека.

Покрај кратките приказни, по кои е најпознат, Борхес исто така пишувал поезија, есеи, неколку сценарија и бројни книжевни критики. Уредувал антологии, преведувал од англиски, француски и германски на шпански. Неговото слепило (кое се појавило во подоцнешната возраст, баш како и кај неговиот татко) силно влијаело на неговата подоцнешна работа.

Борхес живеел низ поголем дел од дваесеттиот век, па на него најмногу влијаел модернистичкиот стил на пишување, а посебно симболизмот. Како Владимир Набоков и малку постариот Џемс Џојс , ги комбинирал интересите за својата родна земја со пошироките интереси.

Со нив исто така ја делел повеќејазичноста и разиграноста на јазикот, но додека Набоков и Џојс, како што старееле оделе кон се поголеми и покомплексни дела, Борхес останува верен на минимализмот.

 

Моменти

Кога својот живот би можел повторно да го проживеам,

Би се обидел во следниот да направам повеќе грешки,

Не би се трудел д бидам така совршен,

Повеќе би се опуштил,

Би бил поглупав отколку што сум,

Многу малку работи би ги сфатил сериозно,

Би бил помал чистотник,

Повеќе не би се изложувал на опасности, повеќе би патувал,

ПОвеќе залези ви набљудувал, на повеќе планини би се искачил,

Повеќе реки би препливал, на уште повеќе места би одел,

На кои никогаш не сум отишол,

Помалку грав би јадел, а повеќе сладолед,

Би имал повеќе вистински, а помалку замислени проблеми.

 

С.В.