Се верува дека црквата ја изградиле монасите и монахињите околу 1500. година, кога стигнале во Мексико да го шират христијанството.
Неодамнешната суша во Мексико открила потполно недопрена црква, стара 400 години. Доминиканската црква е потопена во текот на 60-тите години на минатиот век, но нејзината камена структура не е распадната.
Се наоѓа на југоисточниот дел на земјата, покрај браната Бенито Хуарез.
Се верува дека црквата ја изградиле монасите и монахињите околу 1500.година, кога стигнале во Мексико да го шират христијанството.
Браната е изградена 1962 година, кога храмот е поплавен, за да се даде поттик на земјоделието така што селаните би имале повеќе вода на располагање.
Иако црквата можела да се види делумно во текот на претходните години , дури кога браната работела со своите 16 отсто капацитет, храмот можел да се види во целост.
Во Мексико во февруари и март дошло до суша, поради што снабдувањето со вода било ограничено.
С.В.