Шведска и Норвешка ги продолжија со уште 6 месеци граничните проверки , објавена ДПА и “Ксинхуа”.  Двете држави ја  продолжуваат  граничната контрола до ноември поради приливот на мигранти.

 

 Сепак Брисел побара привремената гранична контрола во Шенген да отпадне до ноември.

Потсетуваме дека , во почетокот на месецот Европската комисија препорача прекинување на привремената гранична контрола во Шенген во следните 6 месеци. Комисијата им препорачува на Австрија, Германија, Данска, Шведска и Норвешка да ја прекинат граничната контрола до ноември.

Шестмесечното продолжување е неопходно заради несигурната миграциска  ситуација во Европа, изјави министерот за правда на Норвешка.

Норвешка не е членка на Европската унија, но е дел од Шенген зоната, во која граѓаните на 26 држави можат слободно да се движат без гранична проверка.

Владата на Шведска најави  дека продолжува  со пограничната контрола  за уште 6 месеци. Шведската државна телевизија SVT информира дека строгите мерки се однесуваат за пристаништата долж јужниот и западниот брег, како и границата со Данска.

Двете држави воведоа ограничувања во врска со масовната имиграција кон Европа во 2015 година