Петмина вработени во МВР се суспендирани од Внатрешната контрола, од полицијата.
Oд полицијата уште информираат дека не станува збор за мерки и активности на формираната работна група која треба да ги расчисти настаните што се случија на 27 април во Собранието РМ., туку велат дека суспендирањето е на самсотјно барање на внарешната контрола.
Неофицијално, сите петмина се вработени во Секторот за обезбедување познат како Шеста управа, за нив е утврдено дека не интервенирале кога неколкумина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ја отвориле главната врата на Парламентот на демонстрантите и тие влегоа внатре.