Die Welt: Претседателот на ЕК го казни Гинтер Јотингер

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Тоа беше негова најголема политичка цел, но сега таа за Гинтер Јотингер останува зад неговиот грб. Германскиот политичар нема да биде потпретседател на Европската комисија. Претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер одби да го назначи Јотингер на функцијата, пишува националниот дневен весник Die Welt.

Откако поранешниот потпретседател Кристалина Георгиева беше назначена во Светската банка, позицијата беше испразнета. До овој момент Јотингер беше сигурен наследник на Бугарката.

Исто така Жан-Клод Јункер најави во октомври дека Јотингер ќе биде назначен за еврокомесар за буџетот и човечките ресурси, бидејќи Георгиева соопшти дека ја напушта функцијата и се враќа во Светската банка. Но во последниот период германскиот демохристијанин беше критикуван поради неговите “расистички, сексистички и хомофобични” коментари, потсетуваат од редакцијата