Британскиот режисер Стив Меквин, кој освои “Оскар” со филмот “Дванаесет години во ропство”, ќе снима документарен филм за рап легендата Тупак Шакур, кој беше убиен во 1996 на 25-годишна возраст.
Кинематографистот изјави дека е исклучително возбуден од тоа да може да го покаже праведниот живот на талентираниот уметник.
Според сестрата на Тупак, Глорија Кокс, нивната мајка, која почина минатата година, сакала многу да биде направен документарен филм за неговиот живот.
“Ние никогаш не сме сакале да ја преиспишеме историјата на Тупак. Нашата цел е секогаш да биде раскажана вистината што досега не било направено на посеопфатен начин. Соопштението за документарниот преглед на животот на раперот доаѓа месец пред излегувањето на играниот филм “All Eyez on Me”.
Филмот со наслов како еден од албумите на Тупак излегува на екран во денот, во кој, ако беше жив, раперот требаше да наполни 46 години.
Тупак ќе биде толкуван од малку познатиот актер Деметриус Шип Џуниор, чиј татко беше продуцент на Тупак. Актерот физички многу личи на раперот – слаб и со тенки мустаќи.
Шакур беше убиен на 25-годишна возраст, но сè уште е многу влијателен во светот на хип-хопот. Тој стана првиот рапер, кој влезе во пантеонот на славните (Hall of Fame).