Во главите на многу од нас одморoт од соништата вклучува егзотичен остров, бескрајни плажи, мирно море со кристална вода, раскошни глетки каде и да се обратиме, во комбинација со удобност и комфорт.
Па, овие дестинации дефинитивно можат да го понудат сето тоа. Кои се најубавите островски хотели?
Островот Лаукала (Фиџи)
“Убавина” никако не е доволно опис за овој приватен остров. Секоја од 25-те импресивни куќи располага со тропски градини и бескрајни базени.
Anantara Medjumbe Island Resort (Мозамбик)
Дрвените куќички може да имаат скромен изглед, но всушност се со луксузен ентериер и откриваат грандиозни глетки кон океанот.
Southern Ocean Lodge (Австралија)
Апартманите се со поглед кон океанот и се опремени со француски прозорци. Хотелот е изграден на покриениот со зеленило карпест дел во југозападната страна на австралискиот остров Кенгур.
Belmond Villa Sant’Andrea (Сицилија, Италија)
Изграден во 1830 година со идејата да биде вила, реновираниот хотел го емитува шармот на приватна семејна куќа. Нуди домашни сицилијански пасти и свежо цвеќе во секоја соба.
Four Seasons Resort Oahu at Ko Olina (Хаваи, САД)
Отворен во 2016 година, ова е најновиот хотел во Оаху. Се наоѓа во тивкиот западен дел на островот, најверојатно е и најубавиот.
Secret Bay (Доминика)
Релативно непознати, во споредба со другите летувалишта на Карибите, суперлуксузните бунгалови кои потсетуваат куќи на дрво, нудат прекрасни глетки и сè што би ни требало.
Слики од хотелите може да разгледате во нашата галерија.