Затворот Улуканлар е првиот изграден затвор, откако Мустафа Кемал Ататурк во 1923 година ја прогласи Турција за Република. Затворот е сведок на важни случувања од политичката сцена. Во 2011 година претворен е во музеј и оттогаш го посетиле над милион туристи.
Изграден е во далечната 1925 година и за време на постоењето од 81 година, во него биле затворани политичари, новинари, писатели.
Меѓу нив и поранешниот турски премиер Мустафа Булент Еџевит, социјалистичкиот револуционер, политичарот Мухсин Јазичоглу, политичкиот активист кој бил погубен Дениз Гезмиш …

Улуканлар престанал да функционира во 2006 година, а турските власти го реставрирале во 2009 година. Затворот има своја архива. За време на викендите има рекорден број на посеители, 2.500. Секоја година затворот организира почест за оние кои ги преживеале тортурите. Посетителите зборуваат дека најмногу биле згрозени од просторите за изолација.