Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е предмет на истрага од страна на ФБИ. Истовремено, во интервју за NBC News тој рече дека отпуштен од него директор на ФБИ Џејмс Коми а тој од тоаси  прави промоција.

Според него, самиот Коми го уверил дека против него не се води истрага.

Отстранетиот  шеф на ФБИ, кој водеше истрага за руската интервенција во американските избори и врските на штабот на Трамп со Кремљ, изјави  дека има намера да ја прошири истрагата – малку пред да биде ослободен од функцијата.

Трамп коментира дека лично ја донел одлуката за разрешување на Коми. Претходно од Белата куќа беше распространета информации дека тоа се случило по препорака на Министерството за правда.

“Во ФБИ беше хаос. Имав намера да го тргнам Коми, тоа беше мое решение. Без оглед на препораките.” – изјави Трамп.

Во јавноста се појавија бројни коментари дека вистинската причина за отстранување на шефот на ФБИ е токму истрагата по руската афера, а од Белата куќа го опишаа како “веројатно една од најпознатите неважни задачи”, со кои бирото се занимава.

 

На сослушување пред Комисијата за разузнавање во Сенатот Коми ги  демантираше тврдењето на Белата куќа дека досегашниот директор  ја загубил довербата на вработените. Според него, тајни служби имаат целосна доверба на Коми, и работите ваопшто не се хаотични туку многу прецизни и издржани.