Принцот Филип е мајстор на гафови: Ќе прави ли невкусни шеги и од пензија…?

од Vladimir Zorba
95 прегледи

Принцот Филип (95) најави пред неколку дена дека од есен заминува во пензија. Во јавноста, принцот кој ја ожени британската кралица пред речиси 70 години, е познат како голем шегаџија…

Неверојатната енергија на британскиот принц Филип, одличното здравје и силното  чувство на должност често знаеја да ги засенат непромислените испади. Мажот на британската кралица Елизабета пред неколку години  најави дека заминува во пензија. Беше и време, ќе речат многумина бидејќи принцот, во јавноста познат и како „крал на гафовите“ за месец дена го слави 96-от роденден. А, во ноември оваа година тој и кралицата ќе прослават 70 години брак. Во текот на службените посети принцот Филип често знаел да биде многу непријатен. И тоа негово однесување не е од вчера и не е последица на староста и не станува збор за деменција. Со децении кралскиот сопруг прави несолени шеги, раскажува некоректни вицови, мајстор е на лапсусите. Со своите коментари  предизвикува смев и бес. Но нему никогаш не би му паднало на ум да промисли пред нешто да изговори. Принцот така ги растажил сите британски домаќинки и им кажал што мисли за нив уште пред 50 години. Имено, 1966 година, „мртов-ладен“ рекол:„ Британките не знаат да готват“.

Кога во 1967 год го прашале дали би сакал да ја посети СССР одговорил„ Многу би сакал да отпатувам во Русија, иако гадовите го  испоубиле  пола мое семејство“. Во текот на рецесијата 1981 год , Филип на невработените им рекол : “Навистина не разбирам ништо.Прво сакате да имате повеќе слободно време, а сега се буните што немате работа“. Тотално политички некоректниот Принц Филип во Кенија додека една жена му дарувала букет со цвеќе и рекол „ Благодарам госпоѓо…А Вие сте жена, зарем не?“

На британските студенти во текот на посетата во  Кина пред 30 години им препорачал  „Не останувајте премногу долго овде бидејќи ќе завршите со коси очи“ . Принцот на еден студент по враќањето од Папуа- Нова Гвинеја 1998 им рекол : “Значи, успеавте да не ве изедат!“

– Леле , не! Би можел да добијам некоја ужасна болест- рекол при посетата на Австралија 1992 кога го прашале дали сака да ја погали коалата.

– Како успевате да ги уверите луѓето во крајот да не пијат додека полагаат возачки испит-прашал принцот еден инструктор по возење во Шкотска 1995год.

Го закачил и Елтон Џон

Принцот 1999 во текот на посетата на една шкотска фабрика им рекол на работниците коментирајќи го расипаниот електричен  бројач:  “Веројатно го поставил некој Индиец“. Истата година ја посетил установата за деца со инвалидитет. На оркестарот млади кои се наглуви им рекол: Не е ни чудо што сте наглуви кога така силно слушате музика!

Година дена подоцна во текот на една вечер во Рим, италијанскиот премиер  Giuliano Amato му понудил на принцот Филип италијанско вино. Тој одбил и рекол: “Нека ми донесат пиво. Баш ми е гајле од каде е, само нека биде пиво”.

Во една прилика на едно 13-годично момче кое му рекло дека најголема жеба му е да стане космонаут му рекол : “Tи со предебел, не би можел да леташ таму„„Ах ,зарем вие го возите оној одвратен автомобил ? Често го гледав тој автомобил како оди кон дворецот Виндзор“, му рекол Филип 2001 год на пеачот Елтон Џон.