Црвен кармин, црвен фустан, Валентино црвена…
Црвената најдобро им стои на девојките со порцелански тен, а темно црвената нека ја носат бринетите со пепелава кожа. Не постои боја која остава посилен впечаток од црвената! Валентино станал популарен по својата позната црвена која сега се нарекува Валентино росо, или Валентино црвена. Дизајнерот верува дека тое е единствена боја која во модната индустрија може да се натпреварува со црната и белата. Навистина,и денес на модните писти и црвените теписи секогаш за око први ќе запнат црвените парчиња , долгите црвени тоалети, па дури и мини деталите кои не можеме а да не ги забележиме. Се благодарение на црвената! Иако некои дизајнери секогаш ја препорачуваат црвената од глава до петици, ако баш не сте обожавател на таа варијанта, ви предложуваме да пробате со деталите во оваа огнена боја. Торбичка, чевли, ремени, накит, шамии… Изборот е на вас. Тајната е во тоа да ја пронајдете идеалната нијанса.
Иако не сме баш поборници на строгите правила кога модата е во прашање, црвената најчесто најдобро им стои на оние со порцелански тен, и во потполната спротивност на оние со потемен тен. За оние кои спаѓаат во среќничките што веднаш добиваат исончан тен и природно имате потемна коса, на вас одлично ќе ви прилега огнено црвената. Темно црвената и бојата на крвта одлично ќе им прилега на девојките со пепелав тен и костенлива коса. Светло црвената е одлична за разбивање на монотонијата, а малку живот во деловниот изглед можете да внесете со светлоцрвениот костум.Освен тоа, поиграјте се со комбинирање на различните нијанси или стајлинг во кој строгиот костум го спарувате со маица. Во занимлива игра со црвеното се впуштил и Долче & Габана, а ако сте мислеле дека леопардовиот дезен , кристалчињата и црвената ја прават најкичестата комбинација, размислете повторно.
С.В.