Аурата е блескаво поле кое зрачи во повеќе бои и ја опкружува особата или објектот како наметка или ауреола. Свеста за аурата е прв чекор во контрола на енергијата која влегува во вашето енергетско поле.
Психичката состојба на човекот, но и физичката, во голем дел зависи од енергетската состојба на аурата. Аурата е енергетска обвивка која се протега околу целото тело и ги опкружува сите живи суштества , а многумина веруваат дека всушност станува збор за електромагнетско поле.Аурите кои ги емитираат нашите тела се разликувааат по густината и текстурата на енергијата која минува низ нас, но воглавно сите се со валчеста форма. Тие ја проицираат нашата физичка состојба во нефизичка форма, па психичката состојба на емоциите, мислите и духот воопшто.Важно е да се знае дека аурите се однесуваат како магнети и константно впиваат вибрации од другите енергии кои не опкружуваат. Ако се чувствувате непријатно во некој простор, околина или меѓу одредени луѓе, значи дека вашата аура впива негативна енергија од околината и испраќа енергетски информации на вашето физичко тело. Ова посебно се однесува за луѓето со кои често се среќавате во животот, а кои на вас можат да влијаат позитивно, така што ве полнат со енергија, еили негативно, така што ве исцрпуваат. Негативната енергија на туѓите аури го ремети вашето енергетско поле, што предизвикува различни симптоми како пад на енергијата, раздразливост, промени на карактерот, нервирање, анксиозност, мачнина или главоболка, стегање во градите и напади на паника, па замор и несоница. Емпатичните и интуитивни луѓе лесно ги впиваат туѓите чувства и психички проблеми, па често ги проектираат на себе. Затоа е важно да се научи да се разграничи својата аура од туѓата и да се чисти редовно од туѓите вибрации и негативните енергии кои не опкружуваат, за да не се појави пукнатина и течење на енергијата.
7 слоеви на аурата
Аурата се состои од 7 главни слоеви кои се поврзани со нашата физичка, психичка , емоционална и духовна состојба.
Првиот слој на аурата
Се нарекува етеричко тело и се протега помеѓу 6мм и 5 цм надвор од телото. Тоа е тесно поврзано со физичкото тело и ја одразува здравствената состојба.
Вториот слој
Го сочинува емоционалното тело кое се протега од 2,5 до 7,5 цм вон телото , и постојано се менува во зависност од моменталната психичка состојба. Овој слој ги впива негативните емоции како стравовите, горчината и осаменоста , и е врзан за искуството. Енергиите од вториот слојкомуницираат со првиот слој и така доаѓаат во физичкото тело. Напнатоста, грчевите во мускулите и мачнината можат да бидат последица на изливот на негативната енергија од вториот слој на аурата во првиот.
Третиот слој
Се нарекува ментално тело и се протега од 7,5 до 20 цм вон телото. Тој е поврзан сосвеста, идеите, логичките процеси и интелектот. Во овој слој се рационализираат и вреднуваат мислите и чувствата, а показател е на менталното здравје.
Четвртиот слој на аурата
Тоа е астралното ниво кое се шири од 15 до 30 цм од телото. За разлика од првите три слоја кои се тесно поврзани со нашето физичко тело, овој слој претставува прозор во нашата духовна природа и се однесува како мост меѓу внатрешните и надворешните слоеви. Исцелителите обично делуваат на астралното ниво преку кое нивната енергија потоа се спушта низ трите слоја до физичкото тело. Најважната цел на астралното ниво му е заштитата од нездрави вибрации, а штом нашата аура е посилна, нејзиното астрално ниво ќе пружа подобра заштита. Чистењето на аурата е многу важно бидејќи го обновува енергетскиот штит кој го пружа енергетското ниво.
Петтиот слој на аурата
Овој слој се нарекува тело на етеричкиот калап, и се протега од 40 до 56 цм. Ова е првиот слој на духовното ниво и претствува пресликување на физичкото тело на духовен план.
Шестиот слој
Овој слој се нарекува небесно тело и се протега помеѓу 60 и 80 цм од физичкото тело. Во тој слој психичкиот ум низ молитва или медитација се поврзува со духовниот ум .
Седмиот слој
Ова е кетеричкиот калап, задниот слој и се протега од 75 до 105 цм вон телото. Ги држи на куп и ги штити сите останати слоеви , го содржи сето наше знаење и можности. Претставува впечаток на нашиот духовен пат и преку него сме поврзани со божественото.
С.В.