Воз излета од шините во близина на Солун. Најмалку четири лица загинале.

Има и повредени, јавуваат локалните медиуми. Инцидентот се случил во близина на населбата Адендро.
Најмалку четири луѓе загинаа и пет се повредени откако патнички воз синоќа излета од шини на север во Грцијаи удри во куќа.
Во вагонот што излетал од шините имало стотина патници кои патувале од Атина кон Солун, јави АНА-МПА.
Други медиуми јавија дека од шини излетале пет вагони во близина на градот Адендро, на околу 30 км од Солун. Полицијата соопшти дека засега не е позната причината за несреќата.
Локомотивата запрела со удар вво куќа, а пет вагони излегтале од шините. Властите соопштуваат дека на повредените им е укажана лекарска помош. Во возот патувале околу 100 лица.
Причините за инцидентот се разјаснуваат .