Најчесто прашање на Google: Зошто луѓето на старите фотографии не се смеат?

од desk3
81 прегледи

И навистина, кога ќе ги погледнете фотографиите  од минатото, често ќе видите дека луѓето на нив останале сериозни. Додуша не треба да се биде некој голем стручњак за да не може веднаш да го знаеш и одговорот – го замрзнале лицето за да останат совршено мирни додека чекаат добра експозиција, пишува Гардијан.

Луѓето во минатото не биле ниту подепресиви, ниту потажни ниту помрачни од нас. Не оделе наоколу за да депримираат се околу себе, иако во тие времиња и тоа како имале причина за тоа. Нивните сериозни фотографии всушност зборуваат нешто друго, а тоа е дека имаат подруг однос спрема сопствените фотографии.

Кога луѓето некогаш се фотографирале за нив тоа бил важен момент. Фотографирањето било така ретко и сите не можеле да си го дозволат. Луѓето не се сликале секој ден, а некои тоа го направиле само еднаш во животот. Позирањето пред камера изгледало како да позираат за  сликар, бидејќи отприлика толку долго траело – додека фотографот се намести – додека ги намести луѓето, додека намести светло…

Тогаш не постоеле програми со кои грешките би се поправиле, тие засекогаш останувале забележани на фотографијата. Вистински сликари кои цртале портрети можеле да си ги дозволат само најбогатите, а фотографиите биле и за оние помалку сиромашни.

Всушност затоа луѓето така сериозно го сфаќале тој величенствен момент, бидејќи знаеле дека  можеби никогаш повеќе не ќе можат да си го дозволат. Денес кога секој од нас дневно прави и по десеттина фотографии и селфија, тешко е да се сфати колку интимно значење имала секоја фотографија за оние кои се фотографирале во минатото. 

 

Фотографиите денес се знак на некаква општественост, на фотографиите се претставуваме себе како среќни луѓе. Се смееме на безброј селфија, кои во однос на старите портрети се всушност само моментална среќа.

Во споредба со некогашните портрети, селфијата немаат никаква уметничка вредност, па дури ни толку за да се фрлат во ѓубре – доволно е само да ги избришете. Овие ненасмеани луѓе на старите фотографии веројатно се забавувале како и ние, но немале хистерична потреба тоа да го покажуваат и на фотките, пишува Гардијан.

Слични содржини