Индонезија: Сака да ги привлече туристите со статуата од филмот „The Ring“

од Vladimir Zorba
92 прегледи

Властите на Понтианак , престолнината на Западниот Калимантан во Индонезија, сакаат да ги привлечат туристите со статуата на митското страшило, кое е овековечено во филмовите „Прстенот“.

Тој дух долго постои во фолклорот на Индонезија, но претставниците на власта сметаат дека сега ќе ги привлечат туристите.

Според извештаите, Агенцијата за туризам, спорт и млади, верува дека со подигањето на статуата на крвожедниот дух, ќе вбризгаат свежа крв во економијата.

Според планот, кој е се уште во повој, статуата би се наоѓала на устието на реките Капуас и Ландак.

Верна на оригиналниот опис, статуата би претставувала женска особа со долга црна коса и вдлабнати очи, во бел фустан замачкан со крв.

Началникот на агенцијата Картиус смета дека нема ништо лошо во неговата идеја.

„Луѓето велат дека сум паган и суеверно селаниште. Оние кои ме нарекуваат селанец самите се селани, бидејќи никогаш нигде не оделе од својата земја“, вели Картиус.

Иако месните жители не се задоволни со предлогот, тој има намера да добие средства од Министерството за економија и да ја направи спорната статуа, а изведувачите ќе ги пронајдат во приватниот сектор.