Њујорк тајмс: Макрон и оживувањето на Европа

од Vladimir Zorba
146 прегледи

 

 

 

Не само тоа што Емануел Макрон победи и на 39 години стана најмладиот претседател на Франција. Не е ниту тоа што тој во ликот на Марин Ле Пен ги порази силите на ксенофобичниот национализам кој го користи и претседателот Доналд Трамп. Туку е тоа што тој победи храбро застанувајќи зад прилично заболената Европска унија и со тоа ја реафирмираше европската идеја и местото на Европа во светот кој има потреба од нејзината сила и вредности.

Ова, по несфатливата одлука на Британија од минатата година да ја напушти Европската унија и соочувањето со антиевропската позиција на Трамп, беше клучно. Макрон ја потенцира неговата порака излегувајќи да им се обрати на неговите поддржувачи во Париз со европската химна, бетовеновата „Ода на радоста“, наместо со „Марсељезата“ – силен гест на отвореност.

Беше запрен маршот на Ле Пен за Европа на национализам и расизам. Претседателот на Русија, Путин ја поддржа Ле Пен со причина: тој сака да го скрши европското единство и да и наштети на врската на Европа со САД. Наместо тоа, центарот ја спаси цивилизацијата.

Федерализацијата е основата на поствоената стабилност и просперитет на Европа. Тоа им нуди на младите Европјци најдобра шанса да ги исполнат своите ветувања. Тоа е „заедничката судбина на Европејците“, како што кажа Макрон во својот победнички говор стоејќи пред француското и европското знаме.

Да се мисли поинаку е да се заборави историјата. Затоа не треба да чуди што канцеларката на Германија, Ангела Меркел, преку нејзиниот портпарол, веднаш прогласи победа „на силна и обединета Европа“.

За тоа ќе бидат потребни реформи. Грогираната Европа го изгуби правецот. Макрон го призна тоа. Тој изјави: „Сакам да ја обновам врската меѓу граѓаните и Европа“. Потребни се повеќе транспарентност, повеќе одговорност и повеќе креативност. Никакво чудо не се покажало помизерно отколку во случајот со Европската унија.

Макрон, кој дојде од никаде како лидер на ново политичко движење, не давше лажни ветувања или измислуваше прикаски. Тој застана зад бегалците; тој застана зад заедничката европска валута, еврото, и беше подготвен да им каже на Французите дека не можат да му свртат грб на модерното и просперитетот.

Преку рационални аргументи тој на анкетите ја зголеми предноста над Ле Пен од 20 проценти по првиот круг, на 30 отсто и освои 65 проценти наспроти 35-те на Ле Пен. Ова, во времето на лажните вести на Трамп, на лажните тврдења и на севкупната лажност, беше важна демонстрација дека разумот и кохеренцијата се уште се важни во политиката.

Сега доаѓа потешкиот дел. Првпат во Франција, крајната десница освои повеќе од една третина од гласовите, што е одраз на гневот во земјата заради изгубените работни места, неуспешната интеграција на мигрантите и економската стагнација.

Макрон, кој рече дека е свесен за „гневот, анксиозноста и сомнежите“, мора да се справи со овие социјални проблеми директно со оживувањето на чувството за можностите во Франција. Без промени, Ле Пен ќе продолжи да добива се поголема поддршка.

Исклучитело тешко е да се спроведат промени во Франција. Тоа е земја која е жестоко приврзана на „аквис“ или наследени права, кои се вкоренети со посветената социјална држава. Многумина се обиделе. Многумина не успеале.

Тоа е посебно тешко без силна поддршка од Парламентот и на Макрон ќе му треба токму тоа. Парламентарните избори ќе се одржат идниот месец. Неговото движење Напред (ЕМ) мора брзо да се организира за да ја обезбеди и оваа победа. Ова е исклучителен момент. Традиционалниот политички пејзаж на Петата република – наизменичното доаѓање на власт и на левоценстристичките социјалисти и на десноцентристичките републиканци – е разбиен.

Можеби оваа промена, што нема никаква друга споредба во поновата европска политичка историја и статусот на Макрон како независен центрист, му дава уникатна позиција конечно да гу убеди Французите дека и тие, исто како и Германците, и Холанѓаните, и Швеѓаните и Данците, ја зачувале суштината на нивната социјална држава истовремено поттикнувајќи флексибилен пазар на трудот, кој им дава надеж на младите. Франција, со своите 25 проценти невработени млади луѓе, самата се негира.

Ако Франција повторно се издигне и Европа ќе се издигне. Ова ќе биде моќна пречка за растот на автократско-националистичката школа – Ле Пен со силна заложба за менување на политиката, ксенофобичното конте Најџел Фараж во Британија (и пријател на Трамп), Путин во Москва, Реџеп Тајип Ердоган во Турција и се разбира и самиот американски претседател, чија неодговорност по прашањето на американските европски сојузници вознемируваат.

Макрон претставува победа за многу нешта. Тој покажа дека Франција не е земја каде расизмот и антиевропскиот манипулативизам можат да победат на избори. Тој повторно ја извади европската идеја и ги подигна шанисте Франција и Германија заедно да работат на заживување на европскиот идеализам. Тој им застана на патот на малите Англичани кои изгласаа Британија да излезе од унијата (и со тоа да ги направи уште потешки преговорите за излегувањето).

Над се, преку неговата интелигенција и градска пристојност, неговата културност и отвореност, Макрон го подигна ѕидот за непристојноста и некултурата, игноранцијата и краткоумноста што доаѓа од Овалната канцеларија на Трамп и се закануваат да ги изместат стандардните светски односи.

Да живее Франција! Да живее Европа! Сега повеќе од кога било

Њујорк тајмс – Њујорк