„БОМбата “- Која е целта, кој е таткото на Антонио Милошоски?

од Vladimir Zorba
214 прегледи

,,На 13.05.2017 година околу 18,00 часот во атар на с.Ижиште-Македонски Брод, М.М. (66) од Кичево додека косел во дворот од сопствената куќа, оштетил метален предмет кој претходно не го забележал. Од ударот предметот почнал да дими формирајќи бел чад, од што истиот почувствувал солзење во пределот на очите, носот и болка во градите. По случката, М.М. се упатил во една од подрумските простории на куќата каде на влезната врата пронашол експлозивна направа поставена на внатрешната страна од влезната врата.

Од извршениот разговор со М.М. истиот појаснил дека последен пат во куќата бил на крајот од минатиот месец и тогаш немало ништо во куќата. Увид на местото на настанот извршиле ЈО, увидна екипа од ПС-Македонски Брод и екипа од Одделот за антитерористичка заштита, при што е подигнат предметен материјал и даден за вештачење.

Се работи на целосно расчистување на случајот.“

 

Во меѓувреме повеќе анализи во оптек ,за што станува збор дали за местенка, дали за реваншизам, или нерасчистени праиватни сметки кои Милошовски синот веќе ги дефинира како политичка одмазда и обид за убиство беза да заврши истрагата. Сите објави се неофцијални, официјална е само констатацијата на МВР што пронашле и што им пријавиле.

Таткото на Милошоски, Милош  Милошоски, во минатото беше поврзан со неколку афери, а некои од нив влегоа и во Парламентот, пишува Ако.мк.

Во 2012 година пратеничката од СДСМ Весна Бендевска го прозва ексминистерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Во вербалниот напад беше речено дека и во тоа време  пратеникот Милошоски,  претседател на собраниската комисја за надворешни работи, не само што ја злоупотребил функцијата, туку го злоупотребил и собранискиот печат. Тоа го сторил во рамките на лична пресметка на бизнис кланот Милошоски со Јаоски од општината Пласница.

Најпрвин, како што рекоа тогаш пратениците од СДСМ  кои се вклучија во расправата, во допис со назнака “итно”, од 22 март 2012 година, упатен до Министерството за транспорт и врски, до Јавното правобранителство, до општина Кичено, до Антикорупциска комисјија и дополнително до Генерален секретаријат на Влада, Милошоски со потпис како претседател на собраниска комисија и печат од Собранието на РМ итно побарал раскинување на договор за државно градежно земјиште во сопственост на градоначалникот на општина Пласница – Исмаил Јаоски. Милошоски побарал информација за работењето и квалитетот на бензинот на “Пуцко компани”, која е сопственост на градоначалникот на Пласница, Исмаил Јаоски, кој не му дозволи на таткото на Милошоски да ја купи општинската зграда за 30.000 евра.

– Злоупотребата е еклатантна – рече тогаш Бендевска – бидејќи самиот не се декларира како пратеник, туку како претседател на Комисијата за надворешна политика!

Инаку, претходно, Милошоски на друга собраниска седница во 2012 , дебатирајќи по извештајот на Регулаторната комисија за енергетика, ја пофали комисијата која му ја одзела лиценцата за работа на “Пуцко компани”. Тој тогаш рече дека граѓаните му се жалеле за неквалитет на бензинот, купен од бензинската на Јаоски.

Пратеникот Драгиша Милетиќ, кој тогаш беше опозиција на ВМРО ДПМНЕ, случајот со таткото на Милошоски го нарече  бизнис профитерство, а тогашниот координатор на ДУИ, Талат Џафери, побара Милошоски личните пресметки со Јаоски да не ги расчистува во Собранието.

Бендевска најави интерпелација за Милошоски, бидејќи како што рече, не е достоен да ја врши функцијата.

Подоцна таа во изјава за медиумите потсети дека таткото на Милошоски, Милош е познат по многу бизнис афери во општина Кичево, по скандалозното преземање на Автомото сојузот, во кој  вработените од Автомотосојузот долги години се судеа со него и приложуваа претставки до сите органи и институции, напиша Ако.мк.