Европскиот супервулкан кај Непол е близу до голема ерупција

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Вулканите од Флегрејските полиња во околината на Неапол можат да избувнат во најблиско време, повикува на тревога списание Nature Communications. Причината е акумулација тектонски напон и деформација на слоевите во грлото на поранешен супервулкан.

“Откако забележавме пукнатини и движењао на слоевите, ние сметаме дека сега овој вулкан го достигна критично ниво и зголемената активност ќе направи доволно висока веројатност дека ќе има ерупција”, изјави Кристофер Килбрн од Лондонскиот универзитет. Мерењата на Килборн и неговите колеги покажаа дека оваа тензија се акумулира од почетокот на 50-тите години на минатиот век и денес се собрала доволно количество магма за моќна ерупција.

Според геолозите последните неколку месеци лава се собрал до ниво на три километри од површината на Земјата. Колку брзо ќе се надмине оваа далечина и дали нејзиното движење ќе престане научниците засега не знаат. Но веројатноста од ерупција сега е максимално висока и можна е во последните неколку години. Геолозите ги советуваат властите на Неапол “да бидат подготвени” кон посериозни последици од серија моќни потреси својствени на ерупции во минатото.