Со летечки автомобил Јапонците ќе го палат олимпискиот оган 2020. во Токио

од desk3
79 прегледи

Компанијата Тојота работи на футуристички проект за “возење по небо”.  Јапонскиот произведувач на возила има намера за време на Олимписките игри во 2020 година, кои треба да се одржат во Токио да го  лансира својот летечки автомобил.  Тојота издвојува околу 42,5 милиони јени или 375 илјди долари за проектот Картиватор, за развојот на научно – фантастичниот автомоби на три тркала, кој се заснова врз технологијата на дрон, извести агенцијата Frans pres.

Со “Небесното возило” ќе управува човек. Toa ќе има четири комплетни пропелери, ќе биде долго 2,9 мтера а широко 1,3 метра. Ова e најмалиот летечки автомобил на светот. Промотивниот цртан видео клип го прикажува малиот автомобил како ги спушта крилата на вовлекување пред да полета околу Токио, за потоа од него да се запали огнот на Олимпискиот стадион.