Меркел и Макрон: Мораме да размислиме како ќе ја зајакнеме ЕУ

од desk3
90 прегледи

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Берлин се сретна со новиот француски претседател Емануел Maкрон. И двајцата лидери ја нагласија потребата за реформирање на Европската унија (ЕУ).

Меркел по средбата повика на, како што рече,нова динамика во односите меѓу Берлин и Париз,  истакнувајќи дека интересите на двете земји се тесно поврзани. Таа, исто така, нагласи дека Германија во принцип е подготвена да разговара за измеи во Европската унија (ЕУ), ако е потребно.”Би била подготвена на таков чекор, но прво треба да утврдиме она што сакаме да реформираме”.

“Од германска гледна точка, можно е да ги промениме договорите на ЕУ”, рече Меркел. Таа додаде дека изборот на нов претседател на Франција е добра шанса лесно да се постигне напредок во цела Европа. “Ние можеме на целиот проект да му дадеме нова динамика. На Германија на долги стази ќе и оди добро само доколу на Европа и биде добро. А на Европа ќе и биде добро единствено со силна Франција”, рече Меркел.  Taa на крајот спомена дека  е многу важно да се направат сиnи и отпорни на криза и  ЕУ и  еврозоната.
Макрон  на прес-конференција исто така повика како што рече на “историско реформирање”, на Европа, дека сака “помалку бирократска а повеќе заштитничка Европа”. Тој, исто така, додаде дека измените на договорите на ЕУ веќе нема да бидат табу тема во Франција.”Неопходни  и се длабоки реформи на Европската унија и еврозоната за кои е потребен заеднички пристап”, рече Mакрон, истакнувајќи дека на крајот тој ќе биде отворен, директен и конструктивен партнер на Берлин.
Инаку, посетата на Германија на новиот француски претседател Macron е негова прва посета во странство откако ја презеде функцијата.