Израел го  смета целиот Ерусалим како главен град на еврејската држава , што не се признава од меѓународната заедница, a ѕидот на плачот (Западниот ѕид) – најсветото место на Евреите, кој е дел од територија, окупирана за време на војната во 1967 година

Локалниот Канал 2 истакнува дека за време на планираниот состанок помеѓу претставници на Израел и САД Израелците биле известени дека за време на посетата Трамп сам ќе го посети Ѕидот на плачот и премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху  да  не го придружува.

Пораката дека Западната ѕид е во област на Западниот Брег е прифатено со шок. Убедени сме дека оваа порака е спротивно со политиката на претседателот Трамп … Израел е поврзан со САД по оваа прашање  “, објави претставник од кабинетот на Нетанјаху.

 

Вчера во спротивност со дипломатскиот протокол новиот американски амбасадор во Израел Дејвид Фридман го посети Ѕидот на плачот.

Посетата, недела пред првата  странско посета на Трамп, се совпаѓа со дебата меѓу двете држави за предизборно ветување на американскиот лидер да ја премести   амбасадата на САД од Тел Авив во Ерусалим.

Исклучително необично е новиот амбасадор да го посети светото место неколку часови по пристигнувањето во Израел.

Фридман е православен Евреин кој собира средства за еврејските населби во окупираниот Западен Брег.