Зоран Заев со своите изјави ги нарушува односите помеѓу Белград и Скопје, а навредите кои ги упатува кон српското раководство, секако, ќе влијаат врз нашите билатерални односи, изјавил српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, пренесуваат српските медиуми.

Дачиќ додал дека Србија не се меша во внатрешните прашања на други земји и дека сака добри односи со соседите. Но, како што оценил, изјавите на Заев „се во спротивен тон“.
„Србија сигурно нема да му дозволи на кого било, па дури ни на Заев, да ја понижува, а односот кон властите во Скопје во иднина ќе биде реципроцитетен на нивниот однос кон Србија“, навел Дачиќ, соопштило српското МНР.
Лидерот на СДСМ во интервју за телевизијата Н1 рече дека односите со Србија се на доста ниско ниво и дека тој ќе се обиде да ги унапреди, меѓутоа дека му било „непријатно да ги слуша“ говорите на српскиот премиер Александар Вучиќ за некакво „македонско сценарио“.
Потсетуваме дека Ивица ДАчиќ и претседателот Александар Вучиќ во континуитет даваат поддрша за конфликтност во регионот, ги претсавуваат Албанците како плашило за мирот и поредокот во регионот, а против Македонија, водат специјална војна за подбуцнување и непријателство и меѓуетничка нетолеранција во подршка на режимот на заминување на Никола Груевски .