93
Еден од водачите на протестите „За заедничка Македонија“, професорот на факултетот на музичка уметност, Игор Дурловски, нема ниту да предава ниту да управува со Македонската опера и балет.
На „Фејсбук“ напиша дека поднел оставка од двете функции бидејќи големо влијание врз институцијата имале општествените случувања.
„За жал, а можеби некому за среќа, ниту МОБ не беше поштеден од негативните ефекти од наметнатите општествени услови кои се одразија врз целокупната работна атмосфера, расположението на нашата публика, безбедносниот скептицизам на дел од нашите гости-уметници, и ред други помалку значајни нешта“ – напиша Дурловски.
Дурловски беше еден од најистурените водачи на протестите „За заедничка Македонија“. Секој протест започнуваше со неговата изведба на химната на Република Македонија.