Срушен рекордот во најдолгата прошетка преку жицата над вода

од Vladimir Zorba
73 прегледи

Тројца луѓе го срушиле рекордот во најдолгата прошетка преку жица оптегната над вода.

Самјуел Волери од Швајцарија, Тијмен ван Дирен од Холандија и Лукас Имлер од Германија елегантно прошетале по жицата оптегната помеѓу два чамци.

Тие дури и жонглирале додека балансирале над тесното јаже.

Трите луѓе, опкружени со Калтерер езерото во Јужен Тирол , преминале 750 метри.

За тој потфат, Тимјен потрошил еден час, Самјуел 45 минути, а Лукас 25 минути.

„Неверојатно е чувството да се собори рекордот„, вели Самјуел (35).„Сите тројца ја исполнивме задачата. Првите неколку метри беше најтешко, бидејќи ми проработи адреналинот. Бев многу силно возбуден што се обидувам да прејдам така големо растојание на жица пред така голем број на набљудувачи“.