Наука – Долина на морничавоста

од Vladimir Zorba
71 прегледи

Џиа Џиа е бринета со раскошна долг акоса, блескав тен и одмерено држење.Ја прочета целата планета , често носејќи традиционална носија од родната Кина на јавните настапи. Медиумите ја опишуваат како божица. Џиа Џиа не е актерка ниту политичарка –таа дури не е ни жива. Џиа Џиа е робот кој по исгледот е најсличен на хомо сапиенсот во историјата на роботиката, но нешто сепак и недостасува. 

Не е страшно што Џиа Џиа се збунила при последното интервју кое го дала на англиски и покажала дека не успева да води дури ни секојдневен разговор. Имајќи во вид колку брзо напредува развојот на вештачката интелигенција, нејзините творци во наредните години ако ништо друго, ќе го подобрат нејзиниот вокабулар и способноста на разбирање покомплексни теми за разговор.

Она што навистина и недостасува, тешко е да се опише со зборови. Чувството кое во луѓето го буди божицата на роботите, најдобро го опишува терминот кој по овој повод најдобро го сковал роботичарот Масахиро Мори пред повеќе од 40 години , долина на морничавоста (англ. uncanny valley).Мори, кој оваа година го слави 90 роденден сигурно барем малку е горд на фактот дека прв забележал дека на луѓето генерално им се допаѓаат неживите објекти во кои можат да ги препознаат човечките карактеристики, но таа допадливост во еден момент одеднаш прераснува во потполна одбојност, дури одвратност кон неприродното.

С.В.