Коми ќе биде сослушан во јуни, на јавна седница на сенатот. Се очекува тој да даде повеќе информации за истрагата и да раскаже за настаните кои доведоа до неговата смена.

“Се надевам дека сведочењето на поранешниот директор ќе помогнат да најдеме одговорите на некои прашања кои произлегуваат при изненадна разрешување на Коми од претседателот.” – коментира сенаторот од Вирџинија Марк Ворнер.

Во меѓувреме CNN изјави дека адвокатите на Белата куќа веќе ги  почнаа подготовките за заштита на Трамп во случај да дојде до постапка за импичмент.

Од телевизискиот канал забележуваат дека во моментот започнувањето на постапката за импичмент е малку веројатно, но во последните денови правниците во претседателската администрација почнаа консултации со експерти на оваа тема.

Претходно во американските медиуми се појави информација дека Трамп му се пофалил на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров со разрешувањето , попрецизно дека го  “мавнал” Коми.

 Заедно со тоа CNN објави дека за време на претседателската кампања претсавници  на Кремљ се фалеле дека создале “здрава врска” со поранешниот претседателски советник Мајкл Флин, како и дека се потпираат да го користат како алатка за влијание врз Трамп и неговата екипа .

Овие разговориза руските чиновници се загрижувачки , како иза  вработени на американското разузнавање, кои се обидуваат да утврдат колку и каква тајна информација му дале на Флин.