СДСМ: Жените се важни во политиката

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Почна првиот дводневен семинар од третата генерација на Школата за женски активизам, организиран од Форум на жени на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. На семинарот се обрати генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски и координаторката на Форум на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова.

Како што информираат од СДСМ, генералниот секретар во своето обраќање го поздрави учеството на избраните учеснички, нагласувајќи ја важноста за учеството во школата за женски активизам што придонесува за поголемо вклучување на жени во политиката.

Школата за женски активизам е образовен проект што претставува академски курс и тренинг за развивање и воспоставување стандарди за родова еднаквост, организиран од Форум на жени на СДСМ во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Со овој проект СДСМ ја потврдува определбата за активно учество на жените во политиката.

По изминати две успешни генерации, оваа година интересот за учество во трета генерација порасна на над 100 апликации од кои се избрани 24 учеснички.

Првиот дводневен семинар и оваа година се одржува во хотел “Дрим” во Струга.