The Kooks го пуштаат новиот албум во 2018

од Vladimir Zorba
70 прегледи

Британската инди група The Kooks откри дека е речиси подготвена со новиот студиски албум. Членовите на бандата кои оваа година ја бележат десетата годишнина заедно соопштија и дека веќе нема да се дел од издавачката куќа Virgin EMI, благодарение на кој тие ја собраа огромната популарност.

“Речиси го завршивме новиот албум. Освен тоа сме на пат да ја смениме издавачка куќа, па оваа компилација (Best of … So Far, која излезе оваа недела по повод јубилејот) е начин да се збогуваме со нив и да продолжиме со работата на нашиот следен албум… Тој ќе биде подготвен ова лето. “, изјави вокалот Лук Причард пред HMV.

Во меѓувреме бандата ги претстави оваа недела и двете нови парчиња Be Who You Are и Broken Vow кои влегуваат во траклистата на компилацијата.