Роднините на славниот пеач Принц ќе наследат 200 милиони долари

од desk3
82 прегледи

 

Судијата Kevin Eide објави дека Принц не оставил тестамент па така наследници на неговото богатство ќе бидат неговата сестра Tyka Nelson и петмина други роднини – Sharon Nelson, Norrine Nelson, John Nelson, Omarr Baker i Alfred Jackson.

Повеќе од  45 луѓе тврдеа дека имаат право на наследството, односно дека се негови сопруги, деца или роднини, а некои од тие случаи уште не се завршени пред судот.

Принц почина на 21. април 2016 година од предозирање со дрога. Неговото богатство е проценето на околу 200 милиони долари, но се очекува дека даноците ќе  “изедат” половина од богатството.

По неговата смрт, комплексот Paisley Park претворен е во музеј и концертна сала, пренесува  Guardian.