Полицискиот синдикат бара командна одговорност

од desk3
95 прегледи

 

Македонскиот полициски синдикат бараат од  МВР командната одговорност. Ова барање следи откако Министерството одлучи да суспендира 15 полициски службенци за настаните од 27 април во Собрнаието.  Исто така, го информираат членството дека синдикатот ќе им обезбеди бесплатна правна помош во целокупниот тек на постапката, почнувајќи од приговорите против решението за суспензија и евентуалните судски разврски.

 

Од Синдикатот велат дека будно ќе ги следат постапките и согласно колективниот договор на МВР ќе бидат дел од комисијата која ќе одлучува под приговорите за отстранување од работното место и дисциплинските комисии на Министерството.