Ако Кремљ не ги исполни договорите од Минск, ЕУ најверојатно ќе  ги продолжи санкциите против Русија.
Ова стана јасно по средбата меѓу германскиот канцелар Ангела Меркел и претседателот на Украина Петро Порошенко, соопшти Дојче веле.

L

Двајцата разговараа во резиденцијата на германската влада “Мезеберг” во Бранденбург.

Неопходно е Москва да биде мотивирана да ги исполни договорите од Минск по кризата во источна Украина, истакна Порошенко по средбата.

Според него, за време на разговорите е констатирано дека Русија не ги исполнува преземените обврски согласно договореното од Минск.

Од своја страна Ангела Меркел истакна пред средбата, дека тензиите во Донбас се засилуваат, а случаите на кршење на примирјето се  зголемуваат.